Вие сте тука

ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО ЗА ПРАЗНИКОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.

Празниците се одличен повод за споделување на среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата.

Затоа РСБСП советува:

  • доколку консумирате алкохол - НЕ управувајте со моторно возило, а доколку одлучите да возите тогаш НЕ консумирајте алкохол,
  • доколку консумирате алкохол - користете јавен превоз или повикајте такси превоз,
  • почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,
  • возете внимателно и грижете се за сите учесници во сообраќајот,
  • возете со СРЦЕ!

 

РСБСП упатува порака:

Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата.

Ако го славите Св. Валентин - опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун - покажете одговорно однесување.

Честит празник на љубовта и виното! 

Возете безбедно!

Целни групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот